Дома Фудбал Останато Давид Силва го одбра клубот во кој ќе ја заврши кариерата и ги изненади сите

Давид Силва го одбра клубот во кој ќе ја заврши кариерата и ги изненади сите

Шпанскиот фудбалер, Давид Силва го одбра клубот во кој ќе сака да ја заврши кариерата.

Иако овој 31-годишен фудбалер најверојатно ќе го продолжи договорот со Манчестер Сити на уште една сезона, тој има план во кој тим да ја заврши својата професионална кариера. „Граѓаните“ со својот нов договор ќе го врзат играчот со клубот до летото 2020. година, а потоа тој ќе се врати во Шпанија за да го облече дресот на Лас Палмас.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Давид е роден на Канарските острови. Голем навивач е на Лас Палмас и има огромна желба да го облече дресот на овој тим, што во почетната фаза од неговата кариера не успеа.

Силва беше „создаден“ во школата на Валенсија. Поголемиот дел од младинските кариери ги помина во редовите на Валенсија, а дресот на овој тим го носеше до 2010. година. Во тој период беше на позајмица во Еибар и Селта, за потоа во 2010. година да се пресели во Манчестер Сити со кого освои шест трофеи, од кои две титули шампион на Англија.

Сепак, дресот на Лас Палмас остана неговиот сон кој има намера да го реализира порано или подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалот некогаш е суров: Фудбалерот кој едвај преживеа, доби отказ во својот клуб по 10 години

“Сите во Вест Хем искрено му благодариме на Мајкл за извонредната и посветена служба…