Дома Фудбал Ди Марија: Пијам лекови поради поразот на Аргентина

Ди Марија: Пијам лекови поради поразот на Аргентина

Аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија изјави дека и натаму пие лекови за да се справи со притисокот и разочарувањето од поразите во три последователни финалиња на големи натпреварувања со репрезентацијата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ди Марија во 2022 година со Аргентина го освои Светското првенство во Катар, а две години подоцна и Купот на Америка во САД, откако во период од три години изгуби два финалиња на Купот на Америка и финалето на Светското првенство во 2014 година.

„Поради тоа и понатаму пијам лекови. Успеав да ја намалам дозата. Многу ми е подобро, но тоа е нешто што создава зависност… Тоа се работи кои остануваат со вас, кои ве обележуваат“, изјави Ди Марија за аргентинските медиуми.

Тој додаде дека му е жал за многу поранешни соиграчи од репрезентацијата кои не успеаја да освојат титула со Аргентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Моќна Шпанија ја прегази Франција и ја заврши ерата „Дешан“

Шпанија ќе игра во финале на светско првенство за втор пат во својата историја. „Црвената …