Анге Постекоглу би можел да го напушти Тотенхем на крајот од сезоната, а како прва замена се споменува – Ираола.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанецот прави чуда на клупата на Борнмут и не е ни чудо што го следат и поголеми клубови.
Иако Борнмут е на табелата далеку пред Тотенхем, седми со 13 бодови повеќе, јасно е дека за Ираола би бил поголем предизвик да го очекува на „Вајт Харт Лејн“.
Ираола пред да дојде во Борнмут го предводеше Рајо Ваљекано, каде исто така одлично работеше. Во Премиер лигата е веќе две и пол години, а договорот со тимот му истекува летото 2026 година.
По испаѓањето на Тотенхем од двата купа, остана само да се обидат да ја освојат Европската лига, и сѐ погласни се гласините дека Постекоглу нема да биде на клупата и следната сезона.