Дома Останати Кошарка Кошаркарките заминаа на подготовките за Белград

Кошаркарките заминаа на подготовките за Белград

Женската сениорска репрезентација утрово замина за Белград каде утре од 18:00 часот ќе го одигра претпоследниот натпревар од квалификацискиот циклус за Евробаскет 2025.

Нашите кошаркарки се сместени во групата „Г“ заедно со Србија Украина и Португалија. Предводникот на „А“ селекцијата, Александар Ашаданов, се надева на добра игра од страна на неговите избранички и покрај тоа што исходот од натпреварите нема да има влијание врз промена на табелата во групата.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


„Последен прозорец од квалификацискиот циклус. Два натпревара кои на хартија немаат значење, но за нас доста важни да покажеме дека можеме да играме со најдобрите. Најпрво се сретнуваме со екипата на Србија која е главен фаворит во групата и екипа од висок ранг. Доста подмладена во последниот период, но на чело со Марина и те како ќе бидат повторно фаворити за највисок пласман. Веќе во недела не очекува уште едно тешко гостување овој пат кај Украина во Рига. Подготвени влегуваме во двата дуела, со добра атмосфера и желба се надеваме на позитивен исход.“ – истакна селекторот.

Натпреварот против Србија ќе се одигра утре (6. февруари, 2025 година) со почеток во 18:00 часот. Последниот натпревар од овој квалификациски циклус, против Украина во Рига, ќе се одигра в недела (9. февруари, 2025 година) со почеток во 20:00 часот (локално време).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ доби прашање за критиките од Американците: Само ме мотивираат повеќе!

Големата размена во НБА помеѓу Далас и Лејкерс предизвика бура од реакции, а најновите вес…