Еден од најдобрите дефанзивци во Серија А е на мета на Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Спорт“ во своето денешно издание пренесува дека мета на Барселона е Калид Кулибали.
На „Ноу Камп“ се свесни дека неговото доведување ќе биде тешка мисија и се претпоставува дека Наполи нема да го пушти за сума под 50 милиони евра.
Наполитанците имаат одлична преговарчка позиција, бидејќи Кулибали неодамна го продолжи договорот со италијанскиот клуб до 2012 година.
Кулибали е еден од најстандарните првотимци на тимот предводен од Маурицио Сари, тој ја одигра секоја минута во досегашниот дел од сезоната и во Лигата на шампионите и во Серија А.