Дома Останати Кошарка Потегот на Обрадовиќ го воодушеви регионот: Застана пред навивачите и спречи вистински хаос! (Видео)

Потегот на Обрадовиќ го воодушеви регионот: Застана пред навивачите и спречи вистински хаос! (Видео)

Во арената во Белград синоќа се одигра големото градско дерби помеѓу Партизан и Црвена звезда, во кое гостите извојуваа победа со резултат 73:71, а по мечот повторно многу се зборуваше за Жељко Обрадовиќ.

Обрадовиќ уште еднаш покажа каква спортска и човечка величина е, кога на крајот од мечот направи гест кој ја обиколува Европа.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Судиите во последната секунда од мечот досудија очигледен прекршок на Стерлинг Браун над Немања Недовиќ, додека кошаркарот на Звезда шутираше тројка, и тогаш следуваше дивеење на навивачите на Партизан.

Почнаа да фрлаат различни предмети на паркетот и не му дозволуваа на Недовиќ да ги изведе слободните фрлања за победа на Звезда, кога на сцена стапи Обрадовиќ.

Тој го напушти своето место и се упати пред навивачите, ги рашири рацете и така ги запре во дивеењето, дозволувајќи натпреварот да заврши. За ова по натпреварот пишуваат многу европски медиуми. Фотографијата на Обрадовиќ со раширени раце веќе станува вирална.

Тогаш Недовиќ ги погоди двете слободни фрлања за водство на Звезда 73:71, а потоа намерно го промаши третото за да не му дозволи на Партизан да има време за израмнување или пресврт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Кари е незапирлив, повторно блескаше за победа на Голден Стејт! (Видео)

Голден Стејт Вориорс во дербито на првото коло од плејофот на Западната конференција го со…