Дома Ракомет Данска го прегази Бразил за полуфинале-

Данска го прегази Бразил за полуфинале-

Ракометарите на Данска убедливо со 33:21 го совладаа Бразил и се пласираа во полуфиналето на Мундијалот.

По само 15 минути игра Данците имаа убедлива предност од 10:3. До крајот на првиот дел Бразилците успеаа да намалат на три разлика (15:12), но тоа беше се што направија.

Во вториот дел Данците ја вратија предноста од пет гола, а Бразил беше немоќен и само прашање беше со колкава разлика ќе загуби.

Кај победниците најефикасни со по шест голови беа Гидсел, Јакобсен и Шмид. А во бразилската селекција седум пати во листата на стрелците се запиша Карваљо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Коста е гол-машина: На 21 година има повеќе европски голови од Гидсел и Карабатиќ заедно!

Франсиско Коста го предводеше Спортинг со 14 гола против Кристијанштад, а неговиот европск…