Македонскиот дефанзивец, Дарко Велковски стави потпис на договор со унгарскиот клуб, Нирегихаза Спартак.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Клубот кој се бори за опстанок во најсилната унгарска лига денеска официјално објави дека го ангажира Македонецот.
„Сметам дека унгарската лига е многу конкурентна, а Нирегихаза Спартак располага со врвна инфраструктура. Импресиониран сум од модерниот стадион и од посветеноста на навивачите. Очекувам да го дадам својот максимум и да помогнам во остварување на целите на тимот. Визијата на клубот и начинот на работа на тренерскиот тим ме убедија дека ова е вистинското место за мене“, изјави Велковски.
Велковски стави потпис со Нирегихаза на договор до крајот на сезоната со опција за продолжување на соработката.