Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез гостувајќи на „Radio Cadeni“ откри нешто навистина интересно.
„Кралскиот“ клуб во последните 5 години „владува“ со Европа, во последните четири сезони освоија три трофеи во ЛШ, а по секој голем успех, Флорентино Перез добивал честитки и потсетувања од страна на првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во секоја порака сопственикот на Тотенхем го потсетувал Перез дека во успехот на Реал Мадрид и тој има свои прсти.
„Секој пат кога ја освојувавме Лигата на Шампионите, Даниел Леви ми праќаше иста порака. Честитки на европската титула која ја освои со мои играчи“, откри Перез.
Потсетуваме, Тотенхем во минатото за големи пари ги продаде Герет Бејл и Лука Модриќ на Реал Мадрид. Изгледа дека Леви ниту ден денеска не може да го прежали заминувањето на споменатите двајца фудбалери.