Дома Останати Тенис Алкараз воодушевен од сензацијата на Австралија Опен: Треба да бидам загрижен

Алкараз воодушевен од сензацијата на Австралија Опен: Треба да бидам загрижен

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз даде низа пофалби за младиот Бразилец Жоао Фонсека.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Фонсека дебитираше на Гренд слемот и во првото коло на Австралија опен го елиминираше Андреј Рубљов со 3-0.

Алкараз, кој го декласираше Јошихито Нишиока, беше прашан дали го гледал мечот на Фонсека против Рубљов.

„Видов малку од натпреварот. Не можев да го гледам целиот меч. Видов малку од почетокот и крајот. Едноставно неверојатно. Начинот на кој го одигра својот прв Гренд слем меч против играч од Топ 10, неверојатно. Начинот на кој пристапил кон мечот, начинот на кој се справува со сè, нервите, генерално мечот, беше фантастично”, рече Алкараз и додаде:

Тоа е некој за кого треба да се грижам. Ова е само почеток на годината, една Гренд слем победа, но тој ќе биде тука. Ќе го ставиме името Жоао Фонсека на списокот на најдобрите играчи во светот наскоро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Познато е кога Карлос Алкараз ќе се врати на теренот

Карлос Алкараз во Барселона се здоби со непријатна повреда на тетивата поради која ќе пауз…