Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо е во трансфер плановите на Јувентус и Арсенал.
25-годишниот Уругваец се етаблираше во еден од најстабилните дефанзивци во Европа и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Араухо се пресели во Барселона во 2018 година. Сезонава поради повреда одигра само еден натпревар за Каталонците во Купот на Шпанија, постигнувајќи една асистенција.
Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација и ќе се обиде да го доведе на позајмица со право на откуп за 50 милиони евра.
Уругваец веќе се согласил на трансферот, а Барселона би можела да ја прифати понудата поради високата плата на дефанзивецот.
🚨 Juventus are pushing to sign Ronald Araújo in January.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 8, 2025
It all depends on Barcelona, who are yet to agree a deal on a new contract for the defender.
(Source: @FabrizioRomano) pic.twitter.com/l54sDeTlzW