Дома Фудбал „Роналдо е неверојатно себичен, мисли само на своите голови“

„Роналдо е неверојатно себичен, мисли само на своите голови“

Кристијано Роналдо играше за Реал од 2009 до 2018 година. За мадридскиот клуб одигра 438 натпревари со учинок од 450 голови и 131 асистенција.

Дел од времето во Реал, негов соиграч беше и Рафаел ван дер Варт. Пензионираниот средишен играч на холандската репрезентација откри работни навики на Роналдо користејќи шега за возрасни, но и откри дека португалскиот напаѓач бил себичен додека го делеле соблекувалната во мадридскиот голем клуб.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


“Секогаш го велам ова како шега, но Роналдо е единствениот играч чиј пе*ис не го видов. Секогаш беше прв на тренинг и последен што си заминуваше од него. Неговото тело? Вау. Машина. За него, работата во теретана, исхраната и спиењето беа поважни од напорниот тренинг”, изјави Ван дер Варт и додаде:

“Беше и неверојатно себичен. Беше несреќен ако победивме 6:0, а тој не беше стрелец. Сè беше во ред ако дадеше два гола, а ние загубивме натпреварот. Но неговото однесување не беше проблематично, само сакаше свои голови.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нејмар и Меси не се доволни: ПСЖ посегна кон жените на Барселона

По долгогодишното привлекување на фудбалери од Барселона како Нејмар и Лионел Меси, сега ф…