Дома Останати Тенис Критики за Ѓоковиќ: Мареј не знае ништо за тренерската работа!

Критики за Ѓоковиќ: Мареј не знае ништо за тренерската работа!

Ангажманот на Енди Мареј како тренер на Новак Ѓоковиќ не престанува да ја интригира јавноста со денови, а последен на оваа тема се огласи Жил Сервара, тренерот на Данил Медведев.

Тренерот на тенисерот кој сезонава ја заврши на петтото место, истакна дека не го изненадува тоа што Мареј веднаш по пензионирањето се фатил за тренерска работа, но дека во овој момент тој не поседува доволно знаење во тој сегмент.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Очекував таков потег од Мареј, не сум изненаден. Знаев дека не може да остане спокоен повеќе од два-три месеци по пензија. Но, тој не поседува тоа што го нарекуваме тренерска методологија. Енди не знае ништо за тренерската работа, што значи дека ќе мора да учи во текот на работата. А тоа не е причината зошто Новак одлучи да работи со него“, рече овој тренеротза францускиот „Л’Екип“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ донесе една од најголемите одлуки во кариерата

Новак Ѓоковиќ нема намера да ја заврши кариерата. Тој објави дека сака да учествува на Оли…