Дома Фудбал Крај на една ера: Диего Симеоне го напушта Атлетико Мадрид!?

Крај на една ера: Диего Симеоне го напушта Атлетико Мадрид!?

По 13 години на клупата на Атлетико Мадрид, се чини дека е при крај на една од најдолгите тренерски епизоди во европскиот фудбал.

Диего Симеоне, симболот на модерниот Атлетико, би можел да го напушти клубот на крајот на сезоната, пренесуваат шпанските медиуми.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Според информациите од Пиринеите, одлучувачка улога во овој процес има новиот спортски директор на клубот Карлос Бусеро, кој во последните месеци дискретно размислува за промена на клупата.

Доаѓањето на Бусеро, кој минатата пролет го смени долгогодишниот спортски директор Андре Берта, донесе промена во менаџерската филозофија на клубот. За разлика од неговиот претходник, Бусеро не е приврзаник на стилот на игра на Симеоне и смета дека е време за нова визија на клупата на „јорганџиите“.

Еден од клучните фактори кои Бусеро ги истакнува е огромната плата на Симеоне која изнесува 32,2 милиони евра годишно, што го прави највисоката тренерска плата во светот на фудбалот. Новиот спортски директор смета дека оваа бројка е неодржлива, особено доколку се земат предвид поскромните резултати во последните две-три сезони. Планот на клубот е на следниот тренер да му понуди најмногу половина од сумата, со што годишно би заштедиле над 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легенда на Арсенал стана тренер на Џенова

Некогашниот капитен на Арсенал, Патрик Виера е нов тренер на тимот на Џенова и тој пристиг…