Фудбалерите на Барселона го подготвуваат теренот за бурното лето 2025 година, а управата на клубот подготвува и список со фудбалери кои се сметаат за „вишок“ и кои можат да си заминат.
Веќе е познато дека Ансу Фати ќе биде продаден, како и дека нема да има место за Ерик Гарсија, можеби веќе во јануари, но сега пристигна информацијата и дека Андреас Кристенсен ќе ја напушти Каталонија.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Данецот е повеќе од одличен откако пристигна како слободен играч во летото 2022 година, откако му истече договорот со Челзи. Сепак, како што се наметна Пау Кубарси, а Иниго Мартинез се врати во старата форма, заедно со опоравувањето на Роналд Араухо, кој се враќа на терените, за данскиот фудбалер повеќе нема место.
За Барселона е важно што Кристенсен е ценет во Премиер лигата, а се поврзуваше и со Њукасл. па така клубот може добро да ја наполни касата.
Ханси Флик јасно ставил до знаење дека сака да дојде Џонатан Та, кој исто така ќе биде слободен на лето, па ако таа негова желба се оствари стоперската позиција на Барселона би била одлично пополнета.