Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш како што стојат работите ќе биде главна мета на Барселона во летниот преоден рок.
Оваа вест ја објави новинарот Тони Хуанмарти, еден од најдоверливите каталонски новинари кој тврди дека Швеѓанецот е во прв план на сопственикот Лапорта и спортскиот директор Деко бидејќи Ерлинг Халанд е недостижен.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Хуанмарти тврди дека Ѓекереш има џентлменски договор со Спортинг да добие дозвола да замине во случај на понуда помеѓу 60 и 70 милиони евра.
Ѓеќереш веројатно би го искористил тој договор во случај да пристигне понудата од Барселона.
Левандовски игра како во најдобрите денови, но наредната година ќе наполни 37 години, па во Барселона мораат да размислуваат и на други опции бидејќи не е реално да се очекува од него дека ќе одигра 60 натпревари во сезоната.
Шведскиот голгетер експлодираше под водство на Рубен Аморим кој го доведе од Ковентри во 2023 година за 24 милиони евра. Сезонава Ѓекереш веќе има 23 гола и четири асистенции на 18 натпревари.