Дома Фудбал Наследникот на Аморим: Најголемата грешка би била да имитираш некого

Наследникот на Аморим: Најголемата грешка би била да имитираш некого

За шеф на стручниот штаб на зелено-белиот прв тим е назначен Жоао Переира, поранешниот тренер на резервниот тим на Спортинг Лисабон.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Переира потпиша тригодишен договор, а 40-годишниот нема да има лесна задача – да го замени новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, кој не изгуби ниту бод во 11 кола од португалската лига, и ги предводеше „лавовите“ до второто место во Лигата на шампионите.

„Гордост, привилегија и чест е да се промовирам на местото главен тренер на Спортинг. Благодарност до претседателот на клубот и комисијата за укажаната доверба. Би сакал да му се заблагодарам и на Рубен Аморим за се што направи за португалскиот фудбал, особено за она што го постигна во Спортинг. Зад себе остави наследство, а тоа не се само резултати, победи и рекорди, туку и единство што успеа да го создаде“, изјави Переира, а пренесува клупската веб-страница.

Покрај тоа што му се восхитува на својот претходник, Переира истакна дека има изразен победнички менталитет.

„Најголемата грешка што можам да ја направам е да имитирам некого. За четири и пол години јас и Рубен развивме одличен однос со сите. За мене нема да биде исто, но се ќе се развива и зајакнува. Ако продолжиме да победуваме, во мене ќе ја видите истата доверба како во него“, додаде Переира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На повидок големо изненадување: Тео Ернандез може да се врати во Италија

Францускиот фудбалер Тео Ернандез сериозно разгледува можност враќање во Серија А по само …