Информациите доаѓаат од сигурни извори…
Целата приказна околу Нејмар конечно е откриена, сите знаат дека уште еден месец пред да започнат преговорите тој веќе одлучил да замине.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, тој таа вест им ја соопштил на соиграчите на венчавката на Меси. Тие тогаш го убедувале добро да размисли, но тој веќе одлучил.
„Ни кажа дека не е среќен, дека сака да биде главен играч во некој клуб и дека ќе премине во ПСЖ“, открива поранешниот фудбалер на Барселона, Чави.
Легендата на Барселона не го осудува потегот на Нејмар.
„Тоа е негов избор и треба да го почитуваме, тој мисли дека така ќе излезе од сенката на Меси. Го имаат Мбапе и имаат шанса да ја освојат Лигата на шампионите“, смета Чави.
На истата венчавка и Дани Алвеш го измами Манчестер Сити со кој веќе беше договорен, па генерално се шпекулира дека тој и Нејмар заедно одлучиле да заминат во Париз.