Дома Трансфер зона Звучи неверојатно: Тоти добил понуда повторно да заигра во Серија А

Звучи неверојатно: Тоти добил понуда повторно да заигра во Серија А

Легендата на италијанскиот фудбал, Франческо Тоти би можел да се врати на фудбалските терени и тоа во клуб од Серија А.

Звучи неверојатно, посебно затоа што Тоти има 48 години, но италијанската „Ла Република“ пишува дека Тоти добил понуда од тимот на Комо предводен од Цеск Фабрегас одново да заигра на терените.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Според информациите на Тоти му бил понуден договор до крајот на сезоната. Во претходниот период само фудбалер не криеше дека има желба да заигра повторно во Серија А меѓутоа веројатно и тој самиот не очекуваше дека може да добие понуда.

Кариерата Тоти ја заврши во 2017 година во Рома, а потоа уште две години остана во Рим како директор, а од 2019 година е надвор од фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…