Реал Мадрид има сериозни проблеми со повредени фудбалери и примарна цел во јануари ќе биде засилување на одбраната.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Давид Алаба, Хезус Ваљехо, Дани Карвахал и Едер Милитао се мачат со повреди, па „кралскиот“ клуб сака во јануари да донесе врвен дефанзивец.
Според францускиот „Le 10 Sport“, Реал Мадрид го означил стоперот на Арсенал, Вилијам Салиба како примарна трансфер цел.
Салиба веќе две сезони игра фантастично во дресот на Арсенал и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата.
Французинот неодамна стави потпис на договор до 2027 година, но е отворен за преселба во Реал Мадрид.