Денеска во рамките од деветтото коло во македонската прва лига се одиграа шест натпревари по кои нов лидер е екипата на Работнички со триумфот од 2:0 против Воска, додека Вардар беше декласиран од Струга со 1:4.
По само три минути игра Струга дојде до предност против Вардар, погоди Беким Камбери. Вардарци го возвратија ударот преку Босанчиќ кој стрелаше за израмнување.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
До крајот на првиот дел гостите сепак го вратија водството со голот на Кампаоре.
Во второто полувреме видовме и погрдни скандирања кон голманот Филип Гачевски од страна на навивачката група „Комити“, Струга постигна два за конечен триумф.
На табелата Работнички е лидер со 19 бодови, потоа следи Шкендија со 18, па Гостивар со 17, Струга е на 15, Силекс 14…
Резултати – 9. коло ПМФЛ:
Гостивар – Беса 1-1
Пелистер – Тиквеш 0-0
Шкупи – Брера Струмица 3-1
Силекс – Шкендија 0-0
Вардар – Струга 1-4
Воска – Работнички 0-2