Европската и светската фудбалска федерација уплатиле пари на сметката на Руската фудбалска федерација, на име на членството во овие органнизации.
Русија и нејзините клубови, како и репрезентацијата се исклучени од сите натпреварувања под покровителство на светската и европската федерација од 2022 година, но протокот на пари од тие адреси продолжи кон ФС на Русија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тамошните медиуми пишуваат дека во 2023 година Руската Федерација добила 405.813.000 рубљи од ФИФА и УЕФА. Тоа се приближно четири милиони евра.
Руските клубови веќе две години играат само домашни првенства, а репрезентацијата игра само пријателски натпревари, најчесто со третокласни селекции.