Дома Фудбал Големо засилување за Флик: Еден од најважните играчи на Барселона по 10 месеци се врати на тренинзите

Големо засилување за Флик: Еден од најважните играчи на Барселона по 10 месеци се врати на тренинзите

Еден од клучните фудбалери на Барселона и шпанската репрезентација, Гави започна да тренира со соиграчите десет месеци по тешката повреда поради која ја пропушти скоро цела сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одличниот играч за врска на 19 ноември минатата година во последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство против Грузија се здоби со скршеница на лигаментитен а десното колено.

Тоа значеше долга пауза, а кога Гави ќе се врати на терените ќе помине скоро една година. Колку Гави може да биде важен за Барселона покажува тоа што на 20 години веќе има 111 натпревари во дресот на Барселона во кои постигна седум голови и запиша 14 асистенции.

 Ако не се повредеше сигурно ќе беше дел и од шпанската репрезентација за која собра 27 настапи и постигна пет погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Галатасарај со амбициозен обид за Фоуден

Претставници на Галатасарај стапиле во контакт со Манчестер Сити за да го изразат својот и…