Дома Фудбал Останато Чилеанец тврди: УЕФА ми ја украде идејата за новиот формат во Лигата на шампионите

Чилеанец тврди: УЕФА ми ја украде идејата за новиот формат во Лигата на шампионите

УЕФА оваа сезона одлучи да воведе нов систем на натпреварување во Лигата на шампионите во кој ќе се натпреваруваат 36 екипи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Првата фаза ќе биде во лигашки систем, а секоја екипа ќе одигра осум натпревари. Првите осум од двете групи ќе продолжат во осминафиналетго, додека екипите од 9. до 24. позиција ќе играат бараж.

Но, сега се појави чилеанскиот спортски конзултат, Леандро Шара кој се закани со тужба до претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. Шара тврди дека тој го смислил таквиот систем пред десет години, го патентирал и го заштитил. Сега е убеден дека неговата идеја е украдена.

„Ја искористија нашата работа. Ни кажаа дека нема да го земат овој систем. Не барам јас богатство, само своите права. Креатор сум на овој формат, тоа го препозна и ФИФА. Ќе се борам со сите сили да ја исправам оваа неправда“, изјави Шара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Керик остана без голема желба: Бразилецот го одби Манчестер Јунајтед и потпиша тригодишен договор

Мајкл Керик сè уште официјално не започна да го составува тимот за новата сезона, а Манчес…