Дома Останати Тони Надал: Федерер е најдобар во историјата, но…

Тони Надал: Федерер е најдобар во историјата, но…

Тони Надал, чичко и тренер на првиот тенисер на светот Рафа Надал, изјави дека Роџер Федерер е без сомнеж најдобриот тенисер во историјата.

Федерер е најдобриот тенисер во историјата. Знам само мал број на спортисти кои доминираат во своите спортови како Роџер во тенисот. Неговото влијание во последните две децении е спектакуларно“, изјави Тони Надал кој верува дека Швајцарецот може на трумфален начин да ја заврши сезоната.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Роџер се уште е на спектакуларно ниво. Направи измени во својата игра, многу интерелегнти кои го прават поагресивен. Сега е многу потешко да се игра против Федерер, особено на брзи подлоги каде е најдобар. Очигледно е голем фаворит за Мастерсот во Лондон“.

Сепак, Тони смета дека Рафа Надал ќе може да го стигне.

„Рафа игра на многу високо ниво и сметам дека и тој е еден од најдобрите на сите времиња. Доколку продолжи добро да игра, а Федерер се повлече, во следните неколку години може да се покрене таа дебата, доколку освои уште Грен слемови. Но, моментално Роџер е најдобар“, заклучи Тони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Синер брзо се врати во топ форма, Алкараз треба да биде загрижен!

Вториот светски тенисер, Јаник Синер, се избори за своето трето полуфинале на мастерс турн…