Њукасл е силно заинтересиран за напаѓачот на Барселона и шпаски репрезентативец Феран Торес.
Феран Торес пред две години пристигна во Барселона како големо засилување од Сити за 55 милиони евра. Меѓутоа, со доаѓањето на Левандовски тој падна во втор план и добива мала минутажа.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Барселона поради финансиската ситуација е спремна да го продаде, а Њукасл внимателно ја следи ситуацијата и сака да го доведе во своите редови.
Премиерлигашот е спремен да поуди 50 милиони евра, сума која ќе ги задоволи финансиските апетити на Барселона.
🚨 Newcastle United are interested in Ferran Torres and will soon make an offer to Barça. 🇪🇸⚫️⚪️
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 19, 2024
(Source: @AlfredoPedulla ) pic.twitter.com/j7BIztFuP4