Селекторот на хрватската репрезентација, Златко Далиќ го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за натпреварите во Лигата на Нации.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Хрватска во минатогодишното издание стигна до финалето каде што беше поразена од селекцијата на Шпанија, а новото издание ќе го започне со натпревари против Португали и Полска.
Првиот натпревар Хрватска ќе го игра на 5. Септември во Лисабон, а само три дена подоцна ќе бидат домаќини на Полјаците во Осијек.
На списокот на Хрватска тука е Лука Модриќ за кого се најавуваше дека може да се повлече под Европското првенство. Исто така место на списокот има и за Иван Перишиќ кој деновиве е во центарот на вниманието поради неговата ситуација во Хајдук.
Нови лица во репрезентацијата на Хрватска се: Петар Сучиќ од Динамо и напаѓачот на Ајнтрахт Игор Матановиќ.
СПИСОК НА ХРВАТСКА:
Голмани: Доминик Ливаковиќ, Доминик Котарски, Недиљко Лабровиќ.
Дефанзивни: Јошко Гвардиол, Дује Чалета-Цар, Борна Соса, Јосип Станишиќ, Јосип Шутало, Марин Понграчиќ, Мартин Ерлиќ.
Играчи од средниот ред: Лука Модриќ, Матео Ковачиќ, Марио Пашалиќ, Ловро Мајер, Лука Иванушевец, Лука Сучиќ, Кристијан Јакиќ, Мартин Батурина, Петар Сучиќ.
Напаѓачи: Иван Перишиќ, Андреј Крамариќ, Бруно Петковиќ, Анте Будимир, Игор Матановиќ.