Дома Македонски спорт Мак ракомет Раул пред дуелот со Загреб: Ќе биде тешко, имаме повредени играчи

Раул пред дуелот со Загреб: Ќе биде тешко, имаме повредени играчи

Ракометарите на Вардар, по победата над Барселона во Лигата на шампионите се подготвуваат за дуелот со ППД Загреб во СЕХА лигата.

„Црвено-црните“ се фаворити на хартија, меѓутоа својот квалитет мора да го потврдат на теренот во „Јане Сандански“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Следи натпреварот со Загреб во СЕХА лигата. На претходниот наш меч во ЛШ двете екипи одиграа со висок интензитет. Ако се сеќавате ние немавме добар почеток и тие имаа предност од 3-4 голови. Да, ние сме фаворити за победа, но тоа мораме да го потврдиме на терен. Треба да бидеме добро подготвени, плус имаме проблеми со некои повредени играчи. Ова ќе биде навистина тежок натпревар“, истакна тренерот Раул Гонзалес.

„Нашиот претходен дуел сезонава беше пред неколку седмици. Знаеме дека ја имаме фаворитската улога, што значи дека мораме да победуваме на сите натпревари пред домашна публика. Знаеме дека тоа нема да биде лесно, но тоа е наша обврска и верувам дека можеме да ја исполниме“, рече капитенот на тимот, Стојанче Стоилов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лина Ѓорческа не успеа да ја изненади 40. тенисерка во светот

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа претрпе елиминација од Челинџер турнирот во …