Баерн Минхен постигна договор со Баер Леверкузен за трансферот на Џонатан Тах, пренесуваат германските медиуми.
Баварците ќе платат 25 милиони евра, плус уште пет милиони во форма на бонуси, за 28-годишниот германски репрезентативец.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Сепак, евентуалната зделка ќе се реализира само доколку Матаис де Лихт биде продаден. Познато е дека холандскиот дефанзивец на е трансфер цел на Манчестер Јунајтед, а преговорите се во напредна фаза.
Јонатан Та беше клучен во неверојатната сезона на Леверкузен, а одигра добро и на Европското првенство.