Дома Трансфер зона Артета спремен да го продаде еден од своите најважни фудбалери: Арсенал ја одредил цената

Артета спремен да го продаде еден од своите најважни фудбалери: Арсенал ја одредил цената

Oд редовите на Арсенал се подготвени да ги сослушаат понудите за еден од најважните свои фудбалери од изминатата сезона Олександар Зинченко.

Оваа вест ја објави реномираниот „Атлетик“, кој тврди дека Арсенал ќе го продаде Украинецот во случај на вистинска понуда.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Зинченко пристигна во Арсенал летото 2022 година за 35 милиони евра, но Микел Артета го го користи и на позицијата лев бек, поради што се споменуваше и негово заминување во Манчестер Сити.

Украинецот во главно беше стандарден, меѓутоа Артета ги користеше и Томијасу и Кивиор крај левата аут линија.

Арсенал за него плати 35 милиони евра и доколку се најде клуб кој ќе ја плати истата сума тие се спремни да разговараат.

Арсенал летово цели на неколку засилувања, а прва мета е младиот стопер на Болоња, Калафиори, кого Артета можеби ќе се обиде да го игра на позицијата лев бек, бидејќи стандардните Вилијам Салиба и Габриел се во срцето на одбраната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува незадоволната ѕвезда на Челзи

Oфанзивецот на Челзи, Кристофер Нкунку сака да го напушти клубот во текот на зимскиот прео…