Дома Трансфер зона Проблем за Манчестер Сити: Миленикот на Пеп сака да замине?

Проблем за Манчестер Сити: Миленикот на Пеп сака да замине?

Напаѓачот на Манчестер Сити и аргентинската репрезентација Хулијан Алварез наводно би можел да го напушти „Етихад“ ова лето.

Според еден од посигурните извори кога е Сити во прашање, новинарот Сем Ли, Алварез нема ништо против да ја промени средината ако добие адекватна понуда. Наводно, веќе неколку клубови се заинтересирани да започнат преговори.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Претходно се споменуваше Атлетико Мадрид, повремено Барселона, чиј навивач е Алварез, но засега нема ништо конкретно.

Моментално Аргентинецот е фокусиран на Копа Америка и не размислува за трансфер, но тоа секако ќе биде тема во текот на летниот преоден рок.

Алварез е свесен дека повторно ќе има улога на втор напаѓач и нема да биде стандарден првотимец покрај Ерлинг Хлаанд. Минатата сезона доби и поголема минутажа меѓутоа тоа беше случај поради повредата на норвешкиот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…