Дома Топ вести На повидок жестока италијанска борба за 18 годишниот бек на Порто!

На повидок жестока италијанска борба за 18 годишниот бек на Порто!

Има само 18 години и веќе има откупна клазула во договорот од 20 милиони евра.

Јувентус и Наполи покажаа сериозен интерес за младиот фудбалер на Порто, Диого Дало.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Диого Дало има само 18 години, игра на позицијата десен бек, член е на Порто и во главно до сега настапуваше за Б тимот на овој клуб.

Наполи го следи веќе подолго време уште од Светското првенство за играчи до 20 години каде што настапуваше за Португалија, скаутите често присуствуваат на натпреварите на кој тој настапува.

Сега тие добија конкуренција од Јувентус, најдобриот италијански тим во претходната сезона е исто така заинтересиран за овој фудбалер. Иначе тој има откупна клазула од 20 милиони евра, а неговиот договор истекува на крајот од следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Фудбалски судија нападнат во ‘Ржаничино – полиција го изнесуваше од теренот! 🎥

Покрај битките за место во прва и втора лига, викендов се играа и важни натпревари од пони…