Како што стојат работите, дефанзивецот на Болоња и репрезентацијата на Италија, Рикардо Калифиори кариерата ќе ја продолжи во Лондон.
Јувентус подолго време преговараше за доведување на овој играч, но Арсенал се вклучи во трката и најверојатно успеал да победи. Најавите се дека „топџиите“ ќе платат 45 милиони евра, плус одредени бонуси.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Дека трансферот е скоро завршена работа потврдува и изјавата на Валтер Сабатини, познатиот спортски директор кој работеше во Рома, Лацио, Болоња, Сампдорија и на крајот во Салернитана.
„Катастрофа е кога така млад, силен и одличе ниграч како што е Калифиори си заминува од нашата лига и тоа за 45 милиони евра кога дефанзивците се плаќаат многу повеќе. Мислам дека тоа е минималец за таков фудбалер. Зборуваме за фудбалер кој има одлична лева нога, физички е надмоќен, поседува лидерски способности и неверојатен карактер.
Доволно е да се потсетиме што направи против Хрватска. Ја изнесе топката влечејќи ја 40-тина метри, а потоа испрати одличен пас за гол. Тоа го можат само играчи со силен карактер и знаење, нема многу такви дефанзивци денес“, изјави Сабатини.