Поранешниот англиски репрезентативец, Енди Керол предизвикал скандал во Лондон откако се степал со едно лице.
Керол кој бил видно во алкохолизирана состојба почнал да прави проблеми на присутните без некакакви посебни причини.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Британскиот „Сан“ објави видео на кое се гледа дека фудбалерот е многу нервозен.
„Случајните минувачи се обидуваа да го смират, но Керол им се закани дека ќе ги нападне и нив“; пренесува медиумот.
Керол во својата кариера длабока трага остави во Њукасл каде што играше во два мандати до 2006 до 2011 и од 2019 до 2021 година. Две сезони (2011-2013) го носеше и дресот на Ливерпул, а настапуваше уште за Вест Хем, Рединг, ВБА и француски Амиен каде што е денес член.