Искусниот англиски напаѓач Енди Керол (33) е спремен да потпише за клуб со кој би играл во Лигата на шампионите.
33-годишниот напаѓач е слободен играч откако си замина од Вест Бромвич на крајото д сезоната. Според последните информации Керол е пред договор со белгискиот Клуб Бриж.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Дејли Мејл“ пренесува дека Керол ќе ги помине лекарските прегледи во Белгија и ќе потпише договор. Ова би можело да значи дека Керол во поодминати години ќе заигра за првпат во Лигата на шампионите. Претходно со Ливерпул и Вест Хем настапуваше во Лигата на Европа.
Во минатата сезона поранешниот напаѓач на Ливерпул, Њукасл и Вест Хем постигна три гола на 15 натпревари, но тоа не беше доволно да потпише нов договор. Керол совевремено до 2010 до 2012 година запиша и девет настапи во репрезентацијата на Англија.