Дома Фудбал Алегри изненадува: Јуве против Лацио без најдобриот?!

Алегри изненадува: Јуве против Лацио без најдобриот?!

Италијанските медиуми утрово пренесуваат дека Паоло Дибала би можел да биде оставен на клупата за резерви во натпреварот против Лацио.

Наводно, Алегри ја разгледува можност да го започне натпреварот со Федерико Бернардески и Даглас Коста, а Дибала да одмори после долгото патување во Јужна Америка иако не настапи за Аргентина.

Алегри сака да се обиде со Бернардески кој би играл веднаш зад Игуаин, додека Манџукиќ и Даглас Коста би играле по крилните позиции.

Натпреварот се игра денес со почеток во 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гордиќ го предводеше Скопје до важни бодови во битката за опстанок

Скопје го совлада Арсими со 2-1 во Автокоманда и во 14. коло ја запиша првата сезонска поб…