Дома Трансфер зона Де Брујне: Ако пристигне богата понуда може да го напуштам Сити

Де Брујне: Ако пристигне богата понуда може да го напуштам Сити

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, би можел да го напушти клубот доколку пристигне богата понуда.

Де Брујне влезе во последната година од договорот, а се уште не ставил потпис на нов договор.


Англија преживеа, Турција по ново изненадување! ↓↓↓


Во интервју за ХЛН Де Брујне зборуваше за потенцијално заминување и не криеше дека голема понуда  ќе го натера да размисли за трансфер.

„Дали ќе останам во Сити? Тоа е опција… Имам прочитано многу наслови за трансфер во Саудиска Арабија, но јас не сум разговарал за тоа со никого. Ако добијам добра понуда, тогаш се е можно, но јас никогаш не сум кажал дека сакам да заминам. Имам повеќе од доволно пари. Но, ако ми понудат некоја апсурдна сума, тогаш ќе морам да размислувам и за моето семејство, за роднините, внуците, правнуците, па и за моите пријатели“, изјави Де Брујне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Moта одлучил: Јувентус ја одреди цената за Киеза

Новиот тренер на Јувентус, Тиаго Мота oдлучил да направи промени во тимот па така најверој…