Фудбалерите на Јувентус, Сами Кедира и Марио Манџукиќ ќе бидат во составот на „Старата дама“ за утрешниот дуел против Лацио, пренесоа италијанските медиуми.
Кедира беше надвор од терените поради повредата на коленото која ја заработи во август, но доби зелено светло и ќе се најде на списокот за мечот од осмото коло во Серија А.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Што се однесува до Манџукиќ во Јувентус стравуваа дека напаѓачот доживеал сериозна повреда во дресот на репрезентацијата на Хрватска, но 31-годишниот фудбалер ќе биде во конкуренција.
Јувентус по седум одиграни кола е на втората позиција на табелата во Серија А со 19 бодови, два бода помелку од првопласираниот Наполи. Лацио е четврти со 16 освоени бодови.