Дома Фудбал Грузиски милијардер ги награди фудбалерите со 10 милиони евра

Грузиски милијардер ги награди фудбалерите со 10 милиони евра

Основачот на грузиската владејачка партија, поранешен премиер и милијардер Бидзина Иванишвили, изјави дека ќе донира 30 милиони лари (десет милиони евра) на фудбалската репрезентација.

Грузија направи сензација на Европското првенство, ја победи Португалија и се пласира во осминафиналето.

Партијата Грузиски сон преку соопштение ја честиташе победата и откри дека милијардерот Иванишвили ветил дека ќе обезбеди пари за да се награди овој историски успех.

Иванишвили, кој има богатство од околу 4.5 милијарди евра, ветил дополнителни 10 милиони евра ако Грузија ја победи Шпанија во осминафиналето во недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина Димитар Георгиев – Шеки, еден од великаните на Беласица

Струмичкиот фудбал остана без Димитар Георгиев – Шеки, кој со 235 првенствени настапи и 50…