Дома Македонски спорт Мак ракомет ЕХФ потврди: Македонскиот шампион чека „вајлд-карта“ за учество во ЛШ

ЕХФ потврди: Македонскиот шампион чека „вајлд-карта“ за учество во ЛШ

Eвропската ракометна федерација ги потврди тимовите кои досега имаат сигурно место во Лигата на шампионите наредната сезона и оние кои ќе бараат вајлд карта.

Место во европската елита веќе имаат обезбедено: Барселона, Алборг, ПСЖ, Магдебург, Фуксе Берлин, Веспрем, Клоштад, Висла Плкок и Спортинг. Преостанати се само уште седум слободни места.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


И македонскиот шампион Еурофарм Пелистер аплицираше за „вајлд-карта“ и така е во конкуренцијата на 12 екипи кои со посебна покана од ЕХФ ќе учествуваат во ракометната елита.

Покрај Еурофарм Пелистер за вајлд-карта аплицираа: Киелце, ПИК Сегед, Нант, Загреб, Фредрициај, Бидасоа Ирун, Елверум, Порто, Динамо Букурешт, Татран Прешов и Кадетен Шафхаузен.

Одлуката европската федерација ќе ја соопшти на 19-ти јуни, ждрепката за групите е закажана на 27. јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…