Дома Трансфер зона Постигнат договор: Баерн на Компани му носи засилување од 30 милиони евра

Постигнат договор: Баерн на Компани му носи засилување од 30 милиони евра

По 11 години доминација во изминатата сезона Баерн Минхен не успеа да ја освои титулата во Бундеслигата, па затоа во текото на летото ќе се обиде доведе нови засилувања.

Џонатан Тах од Леверкузен е скоро договорен, но сега баварците го комплетирале и трансферот на Хироки Ито. Станува збор за уште еден играч од Бундеслигата кој го носеше дресот на Штутгарт. Очигледно Винсент Компани нема доверба во актуелните дефанзивци на Баерн и ќе направи промени во последната линија.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Трансферот на Ито во Баерн со своето познато „Here we go“ го најави Фабрицио Романо, најпознатиот новинар кога се трансферите во прашање.

Откако Ито се договорил со Баерн Штутгарт и немаше многу опции бидејќи гигантот од Минхен ја платил откупната клазула во неговиот договор во износ од 30 милиони евра. Сега остануваат само уште лекарските прегледи пред се да биде официјализирано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид за само две милиони евра добива фудбалер кој потсетува на Педри?

Шпанските медиуми најавуваат дека Реал Мадрид наскоро би можел да добие засилување за кое …