Дома Останати Тенис Ќе гледаме спектакл во Париз: Надал и Алкараз ќе „бркаат“ злато за Шпанија!

Ќе гледаме спектакл во Париз: Надал и Алкараз ќе „бркаат“ злато за Шпанија!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал и Карлос Алкараз ќе играат заедно во двојки на претстојните Олимписки игри во Париз, потврди тренерот на шпанскиот тим Давид Ферер.

Рафаел Надал се уште не се вратил целосно по паузата и вистинското прашање е дали ќе успее да го направи тоа до степен да биде на ниво какво што посакува, но покрај себе во Париз ќе го има тенисерот кој неодамна го освои Ролан Гарос.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Нема сомнеж дека голем број љубители и поддржувачи на тенисот едвај чекаат да го видат ова дуо на дело, додека Шпанија сигурно ќе има уште еден меч во двојки, бидејќи во него ќе игра Марсел Гранољерс, а прашање е само дали ќе биде во пар со Алехандро Давидовиќ Фокина или Пабло Карењо Буста.

Инаку, Рафаел Надал веќе освои злато на Олимписките игри во сингл во 2008 година, додека истото го направи во 2016 година само во двојки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Манчестер Јунајтед и Баерн се „тепаат“ за Олмо

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен ќе водат голема битка за ѕвездата на Лајпциг и шпански р…