Антонио Рудигер и Никлас Фулкруг за малку ќе се степале на вчерашниот тренинг на германската репрезентација во пресрет на ЕП.
Веста прв ја објави Билд, а ја потврдија и бројни други медиуми и германски фудбалски инсајдери.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што наведуваат сите, конфликтот можеше да биде посериозен доколку не реагираа и останатите кои беа присутни.
Фудбалерите на Реал Мадрид и Борусија Дортмунд неколку пати се најдоа во дуел за топката на тренинг бидејќи играа на спротивставени страни во два одвоени тренинзи, а на тие дуели во неколку наврати имаше и вербални но и физички пресметки.
На еден од нив, последниот пред да заврши тренингот, ситуацијата ескалирала со туркање, а Билд пишува дека доколку не реагирал помошниот тренер Сандро Вагнер, најверојатно ќе летнеле и тупаници.
Засега не се знае како селекторот Јулијан Нагелсман ќе ги санкционира своите репрезентативци и дали воопшто ќе ги санкционира.