Дома Фудбал Веќе видeно: Баерн Минхен го „краде“ еден од најдобрите играчи на шампионскиот Леверкузен

Веќе видeно: Баерн Минхен го „краде“ еден од најдобрите играчи на шампионскиот Леверкузен

ЏОНАТАН ТАХ (28) ги договорил личните услови за трансфер во Баерн, објави денеска Флоријан Плетенберг, најпознатиот германски трансфер инсајдер.

Според Плетенберг, германскиот репрезентативец и капитен на Баер Леверкузен е првиот играч од шампионската генерација кој решил да го напушти клубот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Се шпекулира дека Леверкузен треба да добие околу 40 милиони евра обештетување и со тие финансии да донесе замена за Тах.

Според некои германски медиуми, можно е дел од тие пари да бидат потрошени за купување на Јосип Станишиќ, хрватскиот дефанзивец кој шампионската сезона ја мина во Леверкузен како позајмен играч од Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ваква ситуација не се памети: Привремениот тренер на Јунајтед може да им даде шанса на своите два сина!

Привремената улога на тренер во Манчестер Јунајтед, која ја зазеде Дарен Флечер, му носи ш…