Шампионот на Европа и Шпанија нема да игра на Светското клупско првенство кое следното лето ќе се игра во САД од 15 јуни до 13 јули во нов формат со дури 32 клуба. Ова го соопшти Карло Анчелоти во интервју за Il Giornale.
„ФИФА најавува ново клупско светско првенство, но заборава дека многу клубови кои добиле право да играат на него, не сакаат и нема да го сторат тоа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Еден натпревар на Реал Мадрид вреди 20 милиони евра, а ФИФА сака да даде толку за цело првенство. Ќе ја одбиеме поканата за тоа натпреварување, нема да играме“.
Новото клупско СП предизвика големи полемики. Фудбалерите се револтирани што ќе играат толку долго и на крајот на сезоната. Европејците, кои обезбедуваат 12 од 32-та учесници, не сакаат да патуваат на другиот крај на светот, а потоа да играат таму еден месец по веќе исцрпувачката и долга сезона. Ла Лига објави дека размислува за правна постапка за да го прекине натпреварувањето.