Дома Фудбал Азар со порака до Мбапе: Направи го она што јас не можев да го направам во Реал

Азар со порака до Мбапе: Направи го она што јас не можев да го направам во Реал

По трансфер-сапуницата која траеше повеќе од една година, Килијан Мбапе (25) стана нов играч на Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Француската суперѕвезда пристигна како слободен играч откако му истече договорот со ПСЖ. Мбапе ќе биде претставен на „Сантијаго Бернабеу“ откако Франција ќе ја заврши европската кампања.

Еден Азар (33) кој ја заврши кариерата по неуспешната епизода во Реал, му испрати порака на Мбапе: „Направи го тоа што не можев, брат, уживај играјќи за Реал и освојувај трофеи“.

Мбапе е најголемото име што доаѓа во Реал по Азар, а навивачите се надеваат дека тој нема да биде ново разочарување. Тој потпиша договор на пет години, а годишно ќе заработува 15 милиони евра. Дополнително, тој доби бонус од 100 милиони евра кои ќе му бидат исплатени во текот на годините на договорот, односно 20 милиони евра годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Офанзивната моќ на Англија ја совлада Хрватска, Кејн и Белингам ги инспирираа „трите лава“

Англија ја победи Хрватска со 4:2 во првото големо европско дерби на Светското првенство 2…