Дома Фудбал Останато Роналдо се огласи по трансферот на Мбапе во Реал Мадрид

Роналдо се огласи по трансферот на Мбапе во Реал Мадрид

Килијан Мбапе вчера и официјално стана играч на Реал Мадрид со кој потпиша договор на пет години.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мбапе досега играше за Пари Сен Жермен и договорот му истекуваше на 30-ти јуни. Освои седум титули шампион на Франција, четири француски Куп, три Суперкупа и два Лига Купа.

Французинот доби 100 милиони евра за потпис на договорот и 15 милиони евра годишно плата, но други вредни спонзорски договори. Со трансферот во Реал Мадрид, Мбапе го оствари детскиот сон да заигра во дресот на „кралевите“.

Исто така Мбапе на неговите фотографии од детството кои ги објави доби и порака од Кристијано Роналдо кој е неговиот идол.

„Мој ред е да те гледам. Возбуден сум што ќе можеш да го креваш „Бернабеу“ на нозе“, гласеше коментарот на Роналдо на објавата на Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Иранската репрезентација остави емоционална порака во соблекувалната во Лос Анџелес

ФУДБАЛСКАТА репрезентација на Иран се збогува со Лос Анџелес со рачно напишана порака, во …