Ив Бисума (27), играчот од средниот ред на репрезентацијата на Мали и англиски прволигаш Тотенхем, беше жртва на насилен грабеж ноќта меѓу саботата кон неделата во Кан.
Играчот од средниот ред на Тотенхем бил нападнат додека се враќал од забава со својата партнерка околу 4 часот наутро. Двајца со качулки го нападнале пред неговиот автомобил паркиран пред хотелот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Малиецот се обидел да се сокрие во автомобилот, но напаѓачите го испрскале со солзавец и украле часовник вреден околу 300.000 евра.
Полицијата се уште трага по напаѓачите, а Бисума и неговата девојка избегале без сериозни повреди. Малиецот игра за Тотенхем од јули 2022 година, а беше член и на Брајтон и Лил.