Италијанскиот репрезентативец Џорџо Скалвини ќе го пропушти Европското првенство откако се здоби со повреда на лигаментите.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Скалвини се повредил на крајно бизарен начин – во самиот финиш на меч без резултатско значење меѓу Аталанта и Фиорентина (тимот од Фиренца победи со 3:2) во 29. коло од италијанската Серија А.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На шест минути пред крајот на мечот Скалвини мораше да го напушти теренот поради повреда, а подоцнежните прегледи покажаа дека фудбалерот ќе биде надвор од конкуренција дури до јануари 2025 година.
Работата да биде уште полоша, италијанската јавност го нападна Џан Пјеро Гасперини, тренерот на Аталанта, бидејќи го вклучи овој фудбалер во тимот иако мечот немаше тежина, и не само тоа, туку го држеше во игра речиси до самиот крај.
Ова е сериозен удар за тимот на Лучијано Спалети, па останува да се види како ќе реагираат и дали ќе пристигне замена за младиот фудбалер.
🚨🇮🇹 𝐁𝐑𝐄𝐀𝐊𝐈𝐍𝐆 | Very bad news for Giorgio Scalvini (20) who ruptured the ACL in his left knee during the game vs Fiorentina today, reports @DiMarzio.
— EuroFoot (@eurofootcom) June 2, 2024
No EURO 2024 — just over 10 days to the tournament starts too. Absolutely gutting. Possible return in 2025. 💔 pic.twitter.com/6jER8EDtNW