Тренерот на Реал, Карло Анчелоти по осми, а шести пат како тренер ќе учествува во финалето на Лигата на шампионите.
Со Милан освои две титули како играч и две како тренер. Финалето против Борусија Дортмунд ќе му биде трето на клупата на Реал, а првите две ги доби. Од седумте досега загуби само еден, оној во 2005 година во Истанбул, кога Ливерпул направи неверојатен кам-бек против Милан.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Финалето на Лигата на шампионите е еден од најважните, но и еден од најопасните натпревари. Тоа е меч со две острици – мораме да уживаме во него што е можно повеќе. Треба да имате среќа, да играте добро и никогаш да не го спуштите гардот“, рече Анчелоти.
Иако не сакаше да открие се што има подготвено за саботниот дуел на Вембли, Анчелоти сепак кажа кој ќе стартува на голот за неговиот тим во финалето.
“Лунин беше болен и ќе пристигне утре од Мадрид. Сега се чувствува добро, но ќе биде на клупата. Ќе брани Тибо Куртоа”. Белгискиот голман се враќа по долго отсуство поради тешката повреда на коленото со која се здоби минатиот август.
Анчелоти откри што смета дека е клучно за успехот во утрешното финале. „Мојот тим во текот на целата сезона докажа дека има две важни карактеристики – квалитет и пожртвуваност. Ќе биде клучно да го покажеме тоа на утрешниот натпревар“, заклучи Италијанецот.